Добредојдовте!
Виенски Народни универзитети
Виенските Народни универзитети (Die Wiener Volkshochschulen (VHS)) се најголемата установа за образование на возрасни во Австрија а се застапени на 50 локации во цела Виена. 16 Народни универзитети, 8 специјализирани установи и 14 изложбени центри даваат важен допринос за соживотот на сите виенчанки и виенчани. Нивна задача е да се направи пристапно образованието за сите луѓе. Поради тоа понудите можат да се посетуваат независно од образованието, социјалната положба и потеклото.
Во програмите на 16-те виенски Народни универзитети можат да се најдат годишно преку 20.000 курсеви, работилници и обуки од многу научни области. Тие области се:
Јазици
Дипломи за завршено средно и основно образование
Економија & Личност
Компјутери & Мултимедија
Техника, Природа & Животна средина
Уметност & Култура
Политика & Општество
Здравје & Вежбање
Деца & Родители
8-те специјализирани установи го пренесуваат нивното експертско знаење во една одредена област. Во овој момент темите се: екологија, рециклирање, астрономија, феминизам, уметност, филм, еврејска култура како и историја на австриското народно образование.
14-те изложбени центри нудат сали со различна големина за 80-700 лица, на пример за културни манифестации, дискусии и заседанија. Тие се користат од виенските Народни универзитети за образовни манифестации. Исто и приватни лица или фирми можат да ги изнајмат изложбените центри за одредени настани.
Флексибилност, изобилие од методи и ефективно работење со учесниците ги обележуваат образовните понуди на виенските Народни универзитети. Наши клиенти се сите луѓе кои живеат и работат во Виена, јавни установи како и здруженија, клубови и претпријатија. Работата на виенските Народни универзитети се финансира преку градот Виена како и преку придонесите од курсевите. Освен тоа, Министерството за образование, Европскиот социјален фонд, Бирото за вработување и други институции се едни од нашите најважни налогодавачи.
Виенските Народни универзитети се залагаат за отворено и социјално праведно општество – мора да постојат можности за образование за сите луѓе, преку кое тие целосно би ги развиле нивните потенцијали и би можеле активно да се вклучат во општеството.
Користењето на повеќе јазици и пристапот кон едно квалитетно повеќејазично образование и комуникација ја потпомага отвореноста на граѓаните и граѓанките од овој град. Повеќејазичноста допринесува до разновидност, толеранција и мир. Поради таа причина, ние на виенските Народни универзитети активно ги поддржуваме стремежите за јазична и политичка интеграција. Поради тоа овој информативен текст е преведен на 25 најзастапени јазици кај виенчаните/виенчанките. На тој начин сакаме овие јазици да ги направиме подобро видливи и корисни. Како што сакаме да имаме отворено образование за сите луѓе кои живеат овде во Виена.
Информации за нашите курсеви ќе најдете на германски – делумно на англиски, турски и бошњачки/хрватски/српски – на нашата интернет страна, www.vhs.at.





